Уф, каква катастрофа за Манчестер Јунајтед. Тимот на Рубен Аморим е елиминиран од четвртолигашот Гримсби во 1/32 финалето во Лига Купот на Англија, и тоа на пенали и тоа се шутираа 26 пенали или во 13 серија Мбеумо ја погоди пречката и тоа беше крај.
Инаку во регуларниот дел мечот заврши со резултат 2:2. Домашните водеа со 2:0, за Мбеумо во 75.минута и Мегваер во 89. сепак се изборија за пенал – серија.
А таму се шутираа дури 26 пенали, а победникот беше решен во 13.серија.
И кога ќе помислите дека Јунајтед не може да оди подолу, сте се излажале.
Секако дека по мечот големо славје на теренот на фановите и играчите на Гримсби, заслужено.