Фудбалер на Ц. Звезда удрен од обезбедувањето на синоќешниот меч со Пафос

284

Белградска Црвена Звезда не успеа да се квалификува за новиот формат на Лигата на шампионите втора година по ред, откако синоќа одигра само 1:1 на гостувањето кај кипарски Пафос. По поразот од 1-2 во Белград , српскиот шампион имаше водство до 89-тата минута на реваншот, но потоа Кипраните постигнаа гол и испишаа историја за клубот.

По голот што го постигна Жажа за домашниот тим, сè ескалираше. Прво на трибините, а потоа и меѓу фудбалерите. Српските медиуми пишуваат дека член на обезбедувањето го удрил Стефан Лековиќ, фудбалерот на Црвена Звезда кој бил на трибините со тренерот на голманите Немања Супиќ и други претставници на „црвено-белите“.

Токму во тој простор зад клупата на Црвена Звезда, блиску до членовите на српскиот клуб, беа присутни и навивачи на Пафос. Од српскиот клуб очекуваат брза реакција од УЕФА и казна за организаторот.

Претходно„Ил Матино“: Лајпциг му дозволи на Елмас да се врати во Наполи
СледноПочнува Евробаскет 2025: Србија супер-фаворит, кој може до медал?