Шкупи – Вардар најверојатно во Тетово

448

Откако од страна на Фудбалската Федерација на Македонија предмалку беше објавена информацијата дека мечот од четвртото коло од ПМФЛ шампионатот помеѓу екипите на Шкупи и Вардар дефинитивно нема да се одигра на стадионот на Чаир поради неподготвеност на овој објект да одговори на ВАР условите поставени од страна на ФФМ за новата сезона, (и ред други нешта), доаѓа информацијата за алтернативните решенија по ова прашање.

Најверојатно, мечот помеѓу некогашните шампиони на Македонија, ќе се одигра во Тетово, како алтернативно решение за т.н. домашен терен за тимот на Шкупи.

Оваа информација секако дека треба во следните часови или утре да биде потврдена.

Мечот Шкупи – Вардар е закажан за в петок со почеток од 16:30 часот.

 

 

ПретходноГерманија пресилна за Ц.Гора, Португалија ја остави Чешка на само педесет коша
СледноПо катастрофата на Кипар: Паника во Ц. Звезда, Терзиќ мора да распродаде пола тим!