Првиот дел од штотуку започнатиот ЕВРО баскет продолжува со два натпревари на кои реално фаворитите немаа поголеми проблеми.
Германија предмалку со конечни 106:76 беше подобра од репрезентацијата на Црна Гора во меч во кој „Панцирите“ дефинтивно покажаа дека се кандидати за највисок пласман.
Никола Вучевиќ со 23 поени беше најдобар стрелец на овој меч но за жал само за сопствена сатисфакција, а поен помалку постигна Вагнер. Со 21 кош мечот го заврши Шродер.
Од друга страна пак, селекцијата на Португалија со 62:50 беше подобра од репрезентацијата на Полска.