И конечно, она што Алехандро Гарначо го сакаше, тоа и го доби. Тој прави трансфер од Манчестер Јунајтед во Челзи. Откако претходно младот Аргентинец се договори со светскиот првак, запна меѓу клубовите. Јунајтед бараше 60 милиони евра, додека Челзи немаше намера да ја плати таа сума. Последно е што пренесуваат медиумите на Островот е тоа што и двата клуба се договориле за 40 до 46 милиони евра, има тука и некои дополнителни бонуси, но најважно е што сега нема пречки овој трансфер да се реализира.
Исто така се пренесува дека до петок Гарначо ќе оди во Лондон на лекарски прегледи, а потоа се знае потпис и промоција.