ЕП 2025:Финска подобра од Шведска во соседското дерби!

16
ФОТО: FIBA.COM

Во меч од групата – Б, кој се одигра вечерва во Тампере, домашната селекција на Финска славеше против Шведска со 93:90.

Ова беше интересен, но не толку квалитетен меч, но затоа на крајот домашните ја прославија првата победа на ова ЕУРО 2025 во својот прв меч.

Во првата четвртина домашните беа подобри и истата ја добија со 26:21. Следуваше нешто подобра игра на кошаркарите на Шведска кои успеаја мечот пред влезот во последниот период да го донесат до резултатски егал.

И се се решаваше во последната четвртина каде Финците подобро се снајдоа кога беше најпотребно и на крајот успеаја да слават.

ПретходноШампионот го одработи тренингот во Разград: Шкендија сака пласман во лигашката фаза во ЛЕ! (ФОТО)
СледноЕП 2025: Да се знае кој е кој! Јокиќ и компанија си поигруваа со Естонија!