ЕП 2025: Да се знае кој е кој! Јокиќ и компанија си поигруваа со Естонија!

69
ФОТО: FIBA.COM

Ако не запреа во последната четвртина моцмите на селекторот Светислав Пешиќ, селекцијата на Естонија ќе доживееше уште поубедлив пораз, но и вака Србија со 98:64, беше и повеќе од убедлива среде Рига во својот прв меч во групата – А на својот прв меч на ЕП.

Се виде уште во првата четвртина каков тек ќе има овој меч, Јокиќ и компанија тој период го добија со неверојани 32:12. Потоа само си ја билдаа предноста, за да на крајот сепак малку дигнаа рачна, а домашните тоа го искористија и на намалија разликата.

Ова беше добро загревање на најголемиот фаворит за златото. Сериозни, борбени, без потценување одиграа Србите, освен во тој последен период.

Сите добија соодветна минутажа, сите се запишаа во листата на поентери.

Најефикасен беше Јовиќ со 18 поени, Јокиќ без многу мака запиша 11 поени.

Во петок Србија ја чека дуел со Португалија од 20:15 часот.

ПретходноЕП 2025:Финска подобра од Шведска во соседското дерби!
СледноГотово е: Гарначо во Челзи за 46 милиони евра!