Одлична Турција на стартот на ЕП 2025. Требаше мечот со Летонија да биде дерби на денот, но ништо од такво нешто. Четата на селекторот Атаман со 93:73 успеа да слави против Летонија и со тоа покажа дека ќе мора на нејзе да се смета во битката за највисок пласман на овој шампионат.
Во салата во Риха постоеше само еден тим, а тој беше турскиот кој во текот на целиот меч беше подобар, во своја корист ги реши сите четири четвртини и на крајот заслужено победи.
Охриѓанецот Осман беше прв поентер со 20 поени, Сипахи постигна 19, Шенгун реалзираше 16 поени.
Кај Летонците Ломаз со 16 поени беше најефикасен.
Ова беше меч од групата – А.