ЖФК Љуботен убедливо поразен од Розенгард

88

Македонскиот првак во женски фудбал, тимот на ЖФК Љуботен, доживеа убедлив пораз на стартот на вториот квалификациски турнир во ЛШ, кој се одржува во Белгија. Фудбалерките на Љуботен беа совладани од Розенгард со 5-0.

Шведскиот тим има педигре од полуфиналист во Лигата на шампионите, па Љуботен реално немаше што да бара на овој дуел.

Фудбалерките на македонскиот шампион добро парираа во првото полувреме, а Розенгард дојде во водство од пенал во 44-тата минута. Ударот од белата точка го реализира Анам Имо.

Во вториот дел Розенгард постигна уште четири гола. Сјостром зголеми на 2-0, потоа повторно во листата на стрелци се запиша Имо, а до крајот два гола постигна и Ларсон.

По поразот од Розенгард, ЖФК Љуботен ќе има нова можност да се докаже во квалификациите. Македонскиот шампион ќе игра во натпреварот за третото место во групата, кој носи пласман во новоформираниот Европа Куп на УЕФА.

Ривал на тетовчанки ќе биде подобриот од дуелот меѓу СФК Сараево (БиХ) и Леувен (Белгија). Победникот од „малото финале“ ќе обезбеди настап во новото европско натпреварување и дополнителна шанса за меѓународна афирмација.

ПретходноДимоски станува дел од ТСЦ Бачка Топола
СледноМакедонија до 19 години против БиХ во Радовиш и Струмица