Италијаните потврдуваат: Елиф Елмас се враќа во тимот на Наполи

82

Се решава ситуацијата со македонскиот фудбалски репрезентативец и интернационалец, Елиф Елмас.

„Дијамантот“ по страшно неуспешниот период минат во тимот на Ред Бул Лајпциг се враќа онаму каде што ги доживеа ѕвездените фудбалски моменти, а тоа е во тимот на Наполи.

Италијанските медиуми јавуваат дека преговорите помеѓу Ред Бул и Наполи се во завршна фаза и дека договорот е речиси постигнат. Елмас и беше продаден од Наполи токму во Лајпциг, но таму ама во ниту еден момент не беше сериозна опција за првите единаесет. Зошто… можеби еден ден самиот Елмас ќе ја објасни оваа цела измината сезона во која што дел ја мина и како позајмен играч во Торино.
Како и да се, очигледно дека на Елмас судена му е што се вели Серија А, и Наполи, а наскоро тој ќе треба одново да го облече синиот дрес на овој тим.

 

ПретходноРаководството на РФМ во посета на ЕХФ
СледноЛитванија ја освои Велика Британија на стартот на ЕВРО баскетот