Кошаркарската федерација доби признание од ФИБА за организацијата на ЕП до 16 години

20
фото: kfsm.mk

Кошаркарската федерација на Македонија доби признание за успешната организација на Европското младинско првенство во кошарка 2025 година во Скопје.

На ова големо натпреварување учество земаа вкупно 22 национални селекции, кои одиграа 81 натпревар во текот на турнирот. Овој импресивен обем на учесници и одиграни средби уште еднаш ја потврдува способноста на нашата земја да биде достоен домаќин на најзначајните спортски настани.

„Нашиот труд и посветеност беа препознаени и од ФИБА, која упати високи пофалби за организацијата и за начинот на работа на нашата федерација, а воедно беше врачена посебна плакета со признание за самата организација. Високи признанија добивме и од самите учесници – репрезентации и официјални делегации од странските земји – кои упатија благодарност и пофалби до Кошаркарската федерација на Македонија, истакнувајќи ја нашата гостопримливост, професионалност и создадената спортска атмосфера“, истакнаа од Федерацијата.

ПретходноМилевски: Најважни се трите бода со Лихтенштајн
СледноКристал Палас го договори Пино од Виљареал