Кристал Палас го договори Пино од Виљареал

18
фото: Palace Report (X)

Англиски Кристал Палас го финализираше трансферот на 22-годишниот шпански крилен напаѓач Јереми Пино од Виљареал.

Според Фабрицио Романо, постигнат е усмен договор меѓу сите страни. Станува збор за целосен трансфер за фиксна сума од 30 милиони евра плус дополнителни бонуси. Шпанецот ќе потпише долгорочен договор. Сегашниот договор со „жолтата подморница“ е активен за уште две сезони.

Пино е дете на академијата на Виљареал. Во сениорскиот тим игра од 2019 година и досега веќе има 170 натпревари,  22 гола и 23 асистенции.

ПретходноКошаркарската федерација доби признание од ФИБА за организацијата на ЕП до 16 години
СледноСелекторот на С. Арабија со список од 27 играчи за тестот со Македонија