Големо изненадување, да не кажеме сензација во Струмица денеска во меч од 1/16 финалето на Купот на Македонија. Второлигашот Беласица со вкупни 5:4 (2:2) по изведувањето на пеналите го победи прволигашот Арсими и оди натаму во ова натпреварување.
Тимот од Чегране играше со комбиниран состав, но сепак до 56.минута имаше сигурно водство од 0:2.
Во 61.минута струмичани намалија, за да потоа гостите останат со играч помалку поради црвен картон, а во 86.минута Беласица израмни на 2:2.
Во пенал серијата домашните реализираа три од петте пенали, додека Арсими само два.
Па така Беласица се пласираше во следната фаза во Купот на Македонија, а таму се веќе Вардар, Струга ТЛ, Охрид, Работнички, Силекс, Македонија ЃП, Детонит и Брегалница. Останатите натпревари од 1/16 финалето ќе се играат во септември.