Милевски го објави списокот: Рамадани и Растодер дебитираат во националниот тим

179

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Саудиска Арабија (4. септември, стадион „Викторија Жишков“, Прага) и Лихтенштајн (7. септември, Национална арена „Тодор Проески“) од квалификациите за Светско првенство 2026.

Двајца дебитанти се наоѓаат меѓу 26-те повикани фудбалери на кои ќе смета нашиот предводник. Играчот од средниот ред на Шкендија, Решат Рамадани и напаѓачот Елмин Растодер од швајцарски Тун, првпат добиваат повик во најдобриот национален тим.

Собирот на македонската А репрезентација за септемвриските натпревари е закажан за 1. септември во 12:30 часот.

ПретходноОткако се степа со соиграч, Олимпик (М) го праќа Рабио во Милан
СледноМилевски: Најважни се трите бода со Лихтенштајн