Се чини дека, барем според релевантните медиуми во Шкотска, Бојан Миовски е многу блиску до враќање во таа земја по само една сезона мината во Џирона. Пред два дена имаше најава дека Ренџерс е силно заинтересиран за Македонецот, ама попладнево се пренесува дека преговорите се во завршна фаза со големи изгледи тие успешно да завршат и со тоа Миовски да го засили еден од најголемите клубови во таа земја.
Исто така се пренесува дека Миовски би заминал на позајмица во Ренџерс ама под услови во јуни 2026 да се потпише перманентен договор со оглед на тоа дека тој не планира да се враќа во Џирона.
Инаку се пренесува дека во последните денови и Селтик се заинтересирал за Македонецот, ама желбата на Миовси била – Ренџерс.