Почнува Евробаскет 2025: Србија супер-фаворит, кој може до медал?

69

Се е подготвено за стартот на еден од најочекуваните кошаркарски турнири во поновата историја. Денеска и официјално стартува Евробаскетот 2025 со своето 42. издание

Сите очи се свртени кон најсјајните европски кошаркарски ѕвезди кои ќе се борат за превласт и освојување на шампионскиот наслов. Летонија, Полска, Финска и Кипар се бидат домаќини на групите во проширениот паневропски формат. Групните фази стартуваат денеска и треба да завршат до 5 септември, а нокаут рундите ќе се префрлат целосно во Рига почнувајќи од 8 септември.

Србија влегува на Евробаскет 2025 како главен фаворит. Поддржана од двократниот МВП на НБА лигата, Никола Јокиќ, балканската велесила врати 10 играчи од својот состав кој го освои среброто на ОИ и изгледа посилно од кога било претходно. Селекторот Светислав Пешиќ го нагласи континуитетот, но прецизираше дека не ја прифаќа супериорната улога на фаворит на турнирот.

Грција повторно е засилена од Јанис Адетокумбо, кој е на чело на тимот кј ја предводи опасната Група „Ц“ заедно со Шпанија и Италија. Сепак, актуелните европски шампиони, Шпанија, влегуваат на турнирот со состав уништен од повреди и отсуства. Долгогодишните ветерани и ѕвездите во подем – вклучувајќи ги Лоренцо Браун, Санти Алдама и Серхио Љул ги нема во составот.

Лука Дончиќ ја предводи Словенија во Групата „Д“ со седиште во Катовице, каде што Словенците ќе се соочат со Франција, Полска и Израел. Дончиќ во сите сфери ќе биде клучрн за Словенија која ќе се обиде да го повтори својот магичен настап од 2017 година. Франција, во меѓувреме, пристигна со младо јадро, но без Виктор Вембањама, кој се повлече пред неколку недели.

Денеска во премиерата на првенството половина час по пладне ќе се појават Велика Британија и Литванија.

ДЕНЕСКА НА ПРВЕНСТВОТО:

Тампере, Финска – Група Б

12.30 Велика Британија – Литванија

15.30 Црна Гора – Германија

19.30 Шведска – Финска

Рига, Летонија – Група А

13.45 Чешка – Португалија

17.00 Летонија – Турција

20.15 Србија – Естонија

ПретходноФудбалер на Ц. Звезда удрен од обезбедувањето на синоќешниот меч со Пафос
СледноЖФК Љуботен против шведскиот првак Розенгард тргнува во втората рунда од квалификациите за ЛШ