Денеска во официјална посета на Европската ракометна федерација (EHF) во Виена, беше раководството на Ракометната федерација на Македонија на чело со претседателот Александар Стефанов, и генералниот секретар, Влатко Тасевски.
Обавена е средба со претседателот на ЕХФ МИхаел Виедерер, односно генералниот секретар Мартин Хауслаитнер.
На средбата се разговараше за развојот на ракометот, како и за претстојните европски првенства кои следуваат во календарот на EHF.
Оваа средба претставува важен чекор кон унапредување на соработката и развој на македонскиот ракомет на европско ниво.