Руи Мота (Лудогорец): Се надевам дека резултатот од првиот меч беше чиста слулајност!

113
ФОТО: FC Ludogorec/FB

Утре од 19.30 во Разград, во рамките на реваншот од плеј – офот во Лигата на Европа, Лудогорец ќе ја пречека Шкендија. Познато е дека на првиот меч во Скопје беше 2:1 за македонскиот шампион, па сега целиот притисок е кон составот на Лудогорец.

Руи Мота, сратегот бугарскиот тим попладнево на пресот покрај другото истакна:

Ако сакаме да одиме во лигашката фаза во ЛЕ, утре ќе мора да направиме многу повеќе од тоа што направивме на првиот меч. Во целост го анализиравме првиот меч, разбравме што треба да смениме. Очекувам сето тоа да го имплементираме на утрешниот меч. Нема да сметаме на тројца играчи кои се повредени. Се надевам дека резултатот од првиот меч беше чиста случајност. На утрешниот меч ќе влеземе со цел само да победиме и ништо друго“ истакна Португалецот.

ПретходноФлоренци му кажа збогум на фудбалот
СледноГерманија пресилна за Ц.Гора, Португалија ја остави Чешка на само педесет коша