Футсал: Форца со убедлив триумф на стартот во квалификациите во ЛШ

68

Футсал тимот на Форца и повеќе од убедливо славеше на стартот од квалификациите во Лигата на Шампионите. Македонскиот првак вечерва во Куманово успеа со 4:0 да го победи Енкамп од Андора.

Рамадани, Линарес по еден и Рамадан со два гола ја донесоа победата на нашиот првак.

Во текот на целиот натпревар Форца беше подобра и на крајот заслужено победи.

На следните два меча од оваа група во квалификациите во ЛШ, Форца се среќава со Мурата од Сан Марино и со Ереван од Ерменија.

ПретходноГотово е: Гарначо во Челзи за 46 милиони евра!
СледноКејн прво промаши пенал, па после го спаси Баерн од голем срам!