Утре во Разград некаде после 21:30 часот Шкендија ќе знае дали оваа есен ќе игра во лигашката фаза во ЛЕ или во ЛК. Нашиот шампион пред утрешниот реванш во Разград, кој почниува во 19:30 часот има предност од 2:1 од првиот меч во Скопје.
Јасно е дека Лудогорец и натаму е фаворит, но сега шансите на Шкендија се зголемуваат.
Еве што вечерва на пресот во Разград во пресрет на утрешниот меч кажа стратегот на тетовци, Јетон Беќири:
“Ќе се обидеме да го одиграме нашиот најдобар натпревар, да го дадеме нашиот максимум, да бидеме многу дисциплинирани во дефанзивниот аспект. Ќе се обидеме да ги искористиме можностите што ќе ни се укажат бидејќи знаеме дека имаме работа со квалитетен противник, противник кој може да ве казни во секој момент“ посочи Беќири.
Тренерот на Шкендија вели дека треба да се искористи секоја ситуација, исто така вели неговиот тим нема што да загуби:
„Како што знаете, обезбедивме учество во Конференциската лига, но даваме максимум со ситуацијата што ни е дадена и со првиот натпревар што го добивме во Скопје, ако сме на најдобро ниво и ги искористиме можностите, зошто да не се квалификуваме и за Лигата на Европа.? Сепак, почитувајќи го противникот максимално, давајќи го максимумот и не создавајќи никаква еуфорија бидејќи уживаме во добри моменти во однос на фудбалот во Македонија и конкретно нашиот тим. Мора да се обидеме сè за сè, бидејќи во овој момент немаме што да изгубиме, скоро ништо бидејќи постигнавме нешто“.
Тој и натаму смета дека бугарскиот шампион е фаворит:
„Секако дека екипата на Лудогорец е фаворит, но фудбалот е прекрасен, бидејќи фаворитот не секогаш победува на теренот. Секоја вечер гледаме тимови кои се квалификуваат и победуваат противници со многу поголеми буџети и со многу поквалитетни фудбалери. Живееме во ера кога растојанијата се приближија, нема многу големи разлики меѓу тимовите, и покрај фактот дека се работи за противник кој е исклучително добро организиран, со големо искуство во европските купови и за нас е задоволство да се соочуваме со противници од ова ниво“
Не крие дека има мали проблеми со повреди на неколку играчи:
„Целиот тим е подготвен. Имаме неколку играчи со мали проблеми, но за нив ќе одлучиме пред почетокот на натпреварот. Нормално, верувам дека секој играч е подготвен да го даде својот максимум. Единствениот играч кој не е со нас и кој нема право да игра е Атде Мазари. Сите други играчи се во комбинација и дури пред натпреварот ќе одлучиме за почетните 11 и кои други играчи ќе ни помогнат од клупата. Но, важно е што како тим сме многу мотивирани, секој играч е важен за Шкендија, особено покажавме дека оние кои влегуваат од клупата, во посебни моменти се уште поважни од оние во првата формација“.