ЖФК Љуботен против шведскиот првак Розенгард тргнува во втората рунда од квалификациите за ЛШ

77
ФОТО: ZRK Ljuboten/FB

Фудбалскиот шампион на Македонија во женска конкуренција, екипата на ЖФК Љуботен, денеска (13 ч.) во белгискиот град Лувен ги започнува настапите во втората рунда од квалификациите за место во Лигата на шампионите на УЕФА.

По одличниот настап во првата квалификациска рунда, „љуботенки“ денеска ги чека нов предизвик. Во рамките на групата 3 чиј домаќин е белгиски Лувен, денеска тетовки во првото полуфинале на турнирот ќе се сретнат со шведски Розенгард. Во вториот полуфинален меч ќе играат екипите на Сараево и домаќинот Лувен.

Денешниот ривал на ЖФК Љуботен, екипата на Розенгард е најтрофејниот шведски тим во женска конкуренција. Составот од Малме има 14 титули на домашната сцена.

Инаку, победниците од двата меча во групата ќе играат во финалето на турнирот, а тимот кој ќе триумфира ќе има моќност да се пласира во третата рунда.

ПретходноПочнува Евробаскет 2025: Србија супер-фаворит, кој може до медал?
Следно„Мондо“ во Токио ќе се обиде да го направи невозможното – скок над 6.30 метри!