Дајот Упамекано сè уште не го продолжил договорот со Баерн Минхен, а се чини дека Реал Мадрид се обидува да ја искористи ситуацијата и да го убеди стоперот да им се приклучи следната сезона. Упамекано има уште една година од договорот со Баерн Минхен.
Реал Мадрид е подготвен да ја искористи ситуацијата, откако Баерн не успева никако да се договори за нова соработка со Французинот. Според „Билд“, шпанските гиганти се заинтересирани да го потпишат 26-годишниот централен дефанзивец и тоа како слободен играч следното лето.
Упамекано одигра 154 натпревари за Баерн Минхен откако дојде од РБ Лајпциг во 2021 година.