Футсал тимот на Форца и повеќе од убедливо славеше на стартот од квалификациите во Лигата на Шампионите. Македонскиот првак вечерва во Куманово успеа со 4:0 да го победи Енкамп од Андора.
Рамадани, Линарес по еден и Рамадан со два гола ја донесоа победата на нашиот првак.
Во текот на целиот натпревар Форца беше подобра и на крајот заслужено победи.
На следните два меча од оваа група во квалификациите во ЛШ, Форца се среќава со Мурата од Сан Марино и со Ереван од Ерменија.