Откако од страна на Фудбалската Федерација на Македонија предмалку беше објавена информацијата дека мечот од четвртото коло од ПМФЛ шампионатот помеѓу екипите на Шкупи и Вардар дефинитивно нема да се одигра на стадионот на Чаир поради неподготвеност на овој објект да одговори на ВАР условите поставени од страна на ФФМ за новата сезона, (и ред други нешта), доаѓа информацијата за алтернативните решенија по ова прашање.
Најверојатно, мечот помеѓу некогашните шампиони на Македонија, ќе се одигра во Тетово, како алтернативно решение за т.н. домашен терен за тимот на Шкупи.
Оваа информација секако дека треба во следните часови или утре да биде потврдена.
Мечот Шкупи – Вардар е закажан за в петок со почеток од 16:30 часот.