Гаштаров „гази“ за Ц.Звезда, четири гола во серија

871

Македонскиот младински репрезентативец, Матеј Гаштаров е во одлилна форма. Играчот на Црвена Звезда пред неколку дена го имаше официјалното деби за првиот тим, а во меѓувреме, за младинскиот погон е убедливо најдобриот играч.

Гаштаров е во извонредна голгетерска форма, и на четири меча по ред е стрелец за својот тим. Од него што се вели „настрадаа“ екипите на ОФК Беиград, Вождовац, ТСЦ Бачка Топола, и Графичар.

Гаштаров е предводник на новата генерација на младински репрезентативци која што во понеделник ќе го има собирот за стартот на квалифиакциите. Првиот дуел го играме на петти септември против Полска на гостински терен.

 

ПретходноУЕФА потврди: Финалињата во ЛШ никогаш повеќе од 21 часот!
СледноАко добие отказ во Јунајтед, Аморим ќе „заработи“ скоро 12 милиони фунти