Сензационално: Симонс доаѓа во Лондон, ама не во Челзи!

176
ФОТО: RB Leipzig

Интересна, па и сензационална вест лиферуваат медиумите во Германија. Имено Чави Симонс и дефинитивно си заминува од Лајпциг и ќе се пресели во Лондон, но не во Челзи како што долго време се мислеше. Имено тој и неговиот менаџерски тим преговараат со Тотенхем и блиску се до договор.

Ова значи дека “спарси“ ја користат неодлучноста на Челзи, кој чекаше што ќе се случи со Џексон и Нкунку, а на Тотенхем и дефинитивно му се брза ако се знае дека остана без Медисон.

Во секој случај интересно ќе биде да се види дали Холанѓанецот ќе успее да се договори со “спарси“, ако тоа се случи тогаш Тотенхем кој има одличен старт во новата сезона, и тоа како ќе добие големо засилување во средниот ред.

ПретходноУ-16 ЕП Б дивизија: Прва победа на кадетките!
СледноДенеска во Монако е ждрепката за ЛШ! Пред нас е нова спектакуларна сезона!