Екипата на Алкалоид одлучи да оди ниво погоре кога станува збор за европска сцена. Откако Кирил Лазаров и неговите момци минатата сезона го освоија ЕХФ Европскиот Куп сега ќе се борат за место во групната фаза во Европската лига.
На патот на Алкалоид стои тежок предизвик, бундеслигашот Хановер. Првиот меч го играат на 31 овој месец на гостински терен, реваншот е шести септември во салата Автокоманда.