По се она што се случи вчера на мечот меѓу четвртолигашот Гримсби и Манчестер Јунајтед, ќе остане засекогаш во срцата на сите во тој мал клуб, посебно кај фановите.
Сепак има и такви кои се “разочарани“ како што се пошегува гоманот Кристи Пим кој по мечот изјави:
“Се уште сум во шок, не сфаќам што навистина се случи. Јас сум фан на Манчестер Јунајтед, затоа сум малку и разочаран. Вакви мечеви ве тераат да играте фудбал.Едноставно брилјантно, мислам дека требаше да бидам подобар во пенал – серијата, ама најважно е што победивме“ посочи голманот на сега веќе славниот Гримсби.