ЕВРО баскет: Грузија ја „шокираше“ Шпанија, Израел го доби Исланд

104

Големо изненадување направи репрезентацијата на Грузија, во рамките од денешната програма на ЕВРО кошаркарскиот самит.

Грузијците ја совладаа репрезентацијата на Шпанија која што важи за еден од кандидатите за највисок пласман.

Конечните 83:69, се резултат на континуираната одлична игра на грузијците во текот на целиот меч. Добија три од четирите четвртини што беше и пресудно за конечен триумф.

Мамукелашвили најдобар со 19. поени и седум скока, а го следеше Битадзе со 15 поени.

Во вториот дуел од попладневната програма, тимот на Израел со 83:71 беше подобар од Исланд.

 

ПретходноНкунку доаѓа во Милан за 42 милиони евра
СледноСудаков ќе биде следната „бомба“ во Бенфика