ЕП 2025: Франција и Босна тргнаа со сигурни победи

19
фото: fiba. basketball

Без изненадувања, кошаркарските репрезентации на Франција и Босна и Херцеговина тргнаа со победи во првото коло на Европското првенство.

Во Лимасол, Босна и Херцеговина го победи еден од домаќините на ова првенство, Кипар со 91:64 во првото коло од Групата „Ц“, каде што претходно денес Грузија го изненади бранителот на титулата, Шпанија (83:69), а вечерва од 20:30 часот се среќаваат Грција и Италија во дербито.

Јусуф Нуркиќ беше најефикасен во победничкиот тим со 18 поени и 6 скока, Алибеговиќ, Врабац и Гегиќ постигнаа по 10. Ж

Во Катовице, Франција рутински ја победи Белгија со 92:64 во првото коло од Групата Д. Кулибали беше најефикасен кај Французите со 12 поени и 7 скока, Окобо имаше 12, Јабуселе постигна 11, а Хифи и Ризаше го завршија натпреварот со по 10 поени.

Во оваа група денес, Израел го победи Исланд со 83:71, а од 20:30 часот ќе играат и Словенија и Полска.

ПретходноСудии за 4.коло во ПМФЛ: Трпчевски ќе им суди на Башкими и Струга ТЛ!
СледноРегионален турнир: Пелистер со тесна победа над Војводина, пораз на Металург