Откако испадна од квалификациите за Лигата на Шампионите, и дефинтиивно ќе биде дел од Лигата на Европа, тимот на Црвена Звезда одлучи да се ослободи од неколку играчи кои имаат енормно високи плати, а кои реално се товар за буџетот на клубот кој нема да ги добие милионите загарантирани со Лигата на Шампионите.
Па така, прв кој ја напушта „Маракана“ е словенецот Тими Макс Елшник кој заминува во турскиот тим Трабзон за пет милиони евра.
Со оглед дека неговиот влезен трансфер во Звезда од Олимпија чинеше само 1.5 милиони, Звезда е добитна во оваа трансакција.