Карлито без проблеми во 3.коло на УС Опен!

19
ФОТО: US Open/FB

Буквално без никакви проблеми Карлос Алкараз се пласираше во 3.коло на УС Опен. Утринава Шпанецот просто го декласира Матија Белучи со 3:0 во сетовои, дозволувајќи му на Италијанецот да освои само четири гема.

По сетови беше 6:1, 6:0 и 6:3 и за само еден час и 38 минути просто го збриша несреќниот Белучи кој не знаеше што го снашло.

Јасно е дека Карлито е во страшна форма и јасно е дека оди по нова грен-слем титула.

Од друга страна исто така јасно е дека за тоа се прашуваат и Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ.

ПретходноКога ќе се победи Манчестер Јунајтед: Погледнете го лудото славје на играчите и фановите на четвртолигашот! (ФОТО+ВИДЕО)
Следно“Шкендија знае што треба да направи вечерва, притисокот е на страната на Лудогорец“!