Маестро Лео: Меси со два гола му донесе на Интер Мајами финале во Лига Купот! (ВИДЕО)

40
ФОТО: FC Inter Miami/X

Ете зошто е најдобриот. И кога е повреден, и кога е на залезот на кариерата, кога е најпотребно Лео Меси е најдобар. Така и утринава Аргентинецот својот Интер Мајами со стил го однесе во финалето на Лига Купот на Северна и Централна Америка откако во полуфиналето против Орландо со два гола му донесе победа на својот тим во дербито на Флорида.

Марио Пашалиќ во 45.минута донесе водство на Орландо од 0:1. За да потоа Лео стапува на сцена прво со гол од пенал во 77.минута за 1:1. Се играше 88.минута кога по асистенција на Алба, Меси тресе за 2:1. Точка на победата на Интер Мајами стави Сеговија во 90+1.минута.

Секоја чест за Лео Меси.

ПретходноЛШ: Бенфика го елиминираше Мурињо, познати се сите учесници и шешири пред утрешната ждрепка! (ФОТО)
СледноАморим по епската брука: “Подобриот тим победи, да го заборавиме овој меч што побргу!“