Македонскиот ракометен репрезентативец, Михајло Младеновиќ во следните две сезони ќе биде дел од францускиот лигаш, Кретеј од Париз.
Младеновиќ е дете на Металург, па откако мина извесен период во тимот на Охрид, повторно се врати во Автокоманда, но како дел од Алкалоид.
Па така, откако летово си замине и од таму Младеновиќ имаше одврзани раце да потпише каде сака, и се одлучи за француската варијанта.
„УС Кретеј Хендбал со задоволство го објавува потпишувањето на двегодишен договор со Михајло Младеновиќ“, објави денеска францускиот клуб. Тој се докажа со својата посветеност и ракометна култура и добро се интегрираше во клубот“, објави УС Кретеј.