Официјално: Бојан Маркоски не е веќе тренер на Работнички!(ФОТО)

191

Иако минаа само три кола во новата сезона во ПМФЛ, дојде до првата тренерска смена. Бојан Маркоски не е веќе шеф на струката на Работнички. Ова утринава преклу своите социјални мрежи и официјално го објави клубот од Дебар Маало кој оваа сезона, ако не се смета Купот на Македонија, ја почна лошо, со само еден бод од можните девет.

Како што велат од Работнички, договорот е раскинат спогодбено.

Инаку јавна тајна дека клубот е во финансиски проблеми, во летниот преоден рок не успеа да донесе адекватни засилувања, па ова заминување на Маркоски и не е така неочекувано кој го презеде тимот ова лето откако Горан Станиќ ја презеде У-21 селекцијата на Македонија.

Значи Маркоски не издржа ни три месеци во Работнички. Сега интересно ќе биде кој ќе седне на “жешката“ клупа на клубот од Дебар Маало.

Претходно“Алкалоид – шампионот на ЕХФ Европскиот Куп во битка за место во Европската Лига” (ФОТО)
СледноСтадионот “Петар Милошевски“ подготвен за голем дуел. Потврда од УЕФА – Македонија против Италија во Битола! (ФОТО)