На нешто повеќе од еден час до стартот на мечот во Разград, и двајцата тренери Руи Мота и Јетон Беќири ги објавја стартните состави.
Домашниот состав на Лудогорец мечот ќе го започне со следните единаесетмина:
Падт, Сон, Куртулус, Алмеида, Недјалков, Нареси, Чочев, Дуарте, Маркос, Мачадо, Видал.
Шкендија ќе започне со овие единаесет:
Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Р, Рамадани, Алхасан, Тамба, Зејнулаи,Љатифи, Ибраими.
Се гледа дека Беќири ништо не експериментира и дека шанса им дава на своите најдобри играчи, оние кои беа најстандарни во изминатите седум европски натпревари.
Реваншот вечерва во Разград почнува во 19:30 часот, а Шкендија има предност од првата средба од 2:1. Севкупниот победник оди во Лигата на Европа, поразениот ќе игра во Лигата на Конференции.