Полувреме: Шкендија е во тотална дефанзива, прими два гола а можеше барем уште толку! (ВИДЕО)

75

Лудогорец – Шкендија 2:0 е резултатот после првото полувреме на реваншот во Разград. Лошо издание на нашиот шампион кој беше во тотална дефанзива. Лудогорец преку Куртулус и Чочев постигна два гола за водство од 2:0, ама според шансите можеше барем уште толку.

Шкендија немаше ниту една сериозна закана кон домашниот гол.

Сега веќе бугарскиот тим има предност од 3:2 севкупно во плеј – офот во Лигата на Европа.

Јасно е дека Шкендија мора, ама баш мора да одигра многу подобро ако сака да се пласира во лигашката фаза во Лигата на Европа.

ПретходноМладеновиќ е ново засилување за Гостивар
СледноАморим ја има поддршката на раководството на Манчестер Ј.