Мечот од четвртото коло од ПМФЛ шампионатот кој што требаше да се одигра в недела со почеток од 16:30 часот помеѓу екипите на Работнички и Шкендија е одложен за следниот слободен термин. Поточно, овој меч ќе се одигра во текот на месец септември.
Ова е одлуката околу дуелот помеѓу актуелниот првак и Работнички, кој што требаше да се одигра заедно со останатите мечеви од четвртото коло.
Шкендија како што е добро познато, вечерва го игра реванш дуелот од квалификациите за Лигата на Европа против тимот на Лудогорец од 19:30 на гостински терен. Тетовци имаат предност од првиот дуел од 2:1.