Регионален турнир: Вардар подобар од Ловќен, пораз на Ѓорче Петров

27
фото: Rk Vardar 1961 (Facebook)

Ракометарите на Вардар забележаа убедлива победа над црногорски Ловќен со 38:29 во последниот вечерашен меч на првиот ден од Регионалниот ракометен турнир во Скопје.

„вардарци“ во текот на целиот меч ја одржуваа разликата и на крајот дојдоа до посакуваната победа. Во првиот меч на машкиот турнир славеше и шампионот Е. Пелистер над Војводина со 30:29.

Кај дамите вечерва шампионките Ѓорче Петров беше убедливо поразен од црногорскиот првак Будуќност до 38:24 претходно и Металург Автокоманда загуби од екипата на Бор со 27:20.

ПретходноРомано: Елмас во Наполи – завршена работа!
СледноЕП 2025: Полјаците ја „средија“ Словенија, Грција го доби дербито со Италија