Денеска во Скопје почна Регионалниот турнир на кој учествуваат ракометни екипи од Македонија, Србија и Црна Гора. Во првите дуели на машкиот турнир, екипата на македонскиот шампион Е. Пелистер славеше против Војводина со 30-29, додека кај дамите, Металург Автокоманда стартуваше со пораз од екипата на Бор со 27-21.
Секако вниманите го привлече пресметката меѓу нашиот првак во машка конкуренција и силниот српски состав Војводина. Мечот тргна со предност на гостите, но во завршницата Пелистер успеа да дојде до посакуваната победа.
Во вториот натпревар од машката програма денеска ќе играат и Вардар и Ловќен.