Романо: Елмас во Наполи – завршена работа!

89
фото: Fabrizio Romano (X)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се враќа во Неапол, објави вечерва инсајдерот Фабрицио Романо. Тоа е само потврда на вчерашните пишувања на италијанските медиуми, дека Наполи ќе го добие нашиот „дијамант“ на позајмица до крајот на сезоната.

Она што „Ил Матино“ го објави вчера, Романо го потврдува вечерва. Елмас една година ќе биде позајмен, а потоа Наполи треба да го откупи неговиот договор.

Со тоа и Елмас и Наполи ја исполнуваат желбата за негово враќање на Апенините.

ПретходноСинер лесно ја мина и втората пречка на УС Опен
СледноРегионален турнир: Вардар подобар од Ловќен, пораз на Ѓорче Петров