Регионалниот ракометен турнир вечерва, пред одигрувањето на натпреварот меѓу РК Вардар 1961 и РК Ловќен, беше свечено отворен со говор на претседателот на Ракометната федерација на Македонија, г-дин Александар Стефанов, кој им посака добредојде на сите учесници, многу среќа и успех на претстојните натпревари. Тој истакна дека е големо задоволство Македонија да биде дел од ваков значаен настан.
По него, свои обраќања имаа и министерот за спорт на Република Србија, г-дин Зоран Гајиќ, како и министерот за спорт на Македонија, г-дин Борко Ристовски, кои потенцираа дека е вистинско богатство што министерствата успеале заеднички да организираат еден ваков турнир и им посакаа на сите учесници успешни натпревари.
Ракометната федерација ги поканува сите љубители на ракометот заедно да ги проследиме утрешните натпревари од регионалниот турнир!