Светскиот рекет број 1, Јаник Синер, успеа лесно да го мине и вториот противник на последниот Грен Слем турнир оваа сезона, УС Опен. Италијанецот блесна и во второто коло и прилично лесно го елиминираше Алексеј Попирин во три сета 6:3, 6:2, 6:2.
Австралиецот минатата година во третото коло во Њујорк беше подобар од Новак Ѓоковиќ.
Синер со ова апобеда веќе може да размислува за следниот противник. Италијанскиот тенисер во следната рунда го очекува дуел со Канаѓанецот Денис Шаповалов, кој претходно го победи Французинот Рожер со 7:6, 3:6, 7:6, 6:3.