Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на денешната манифестација во Монако каде се одредуваат натпреварите за новиот лигашки дел од Лигата на шампионите, му додели специјална награда на Челзи како прв клуб што ги освоил сите големи клупски турнири во Европа: Лигата на шампионите, Лигата Европа, Конференциската лига и Суперкупот на УЕФА.
„Немаме доволно време да објасниме колку ова значи“, рече Чеферин.
Лондонскиот клуб ја освои Лигата на шампионите во 2012 и 2021 година. Челзи ја освои Лигата на Европа во 2013 и 2019 година. Минатата сезона, „сините“ ја освоија Конференциската лига, а англискиот тим го освои Суперкупот на УЕФА во 1998 и 2021 година.