У-16 ЕП Б дивизија: Прва победа на кадетките!

17
ФОТО: KFSM.MK

Во натпреварот за пласман од 17. до 19. место, женската кадетска репрезентација на Македонија, стигна и до првиот триумф. Во натпревар во која нашите млади кошаркарки доминираа од првата до последната минута, и славеа многу важна победа против репрезентацијата на Азербејџан и тоа со 74:68.

Одлично прво полувреме имаа нашите кадетки. Добриот настап го најавивме уште во првиот период, кој го решивме во наша корист со (19:13).

Во исто темпо избраничките на селекторот Оливер Стојмановиќ продолжија и во вториот. Можеби имавме лош процент на реализација во обидите за три поени, но ги имавме поентерски расположените Колева, Грујовска и Анастасова, доволно за да ја зголемиме предноста.

И на крајот од првите 20.минути, да имаме високо водство (40:25).

На средината од третиот период од играта, по поентирањето на Колева, Македонија изгради и највисока предност (50:31).

Нашите девојки не застанаа, напротив, дојдоа до уште поголема позитива (62:39), која противникот до крајот на третата четвртинаа успеа да ја „симне“ на нешто пониски (44:62).

Кадетките на Азербејџан стартувааа со серија од (10-2) во последната делница од мечот, и по само две и пол минути игра, да ја сведат нашата позитива на само 10. поени, (64:54), а потоа и едноцифрено заостаанување (60:68).

Сепак, успеавме да го одбраниме тој налет на ривалот, и да ја забележиме првата победа на првенството во Турција. 

А четири наши кошаркарки завршија со десет и повеќе реализации. „Четворката“ ја предводеше Колева, која постигна 19.поени (имаше и пет асистенции и три скока), а двоцифрен број на реализации имаа и Трајковска 11 (плус 10. скока), но и Грујовска и Милосављевиќ кои завршија со 10. реализирани поени. Анастасова имаше девет поени, а Пислевска уште седум во нашата селекција.

Утре, рано изутрина од 08.30 часот, нашата кадетска репрезентација ќе го одигра последниот меч на првенството во Истанбул. Противник е селекцијата на Ирска, која претходно, во оваа „мини лига“ на три селекции кои се борат за пласман од 17. до 19. место, загуби минимално од Азербејџан.

ПретходноСтадионот “Петар Милошевски“ подготвен за голем дуел. Потврда од УЕФА – Македонија против Италија во Битола! (ФОТО)
СледноСензационално: Симонс доаѓа во Лондон, ама не во Челзи!