“Шкендија знае што треба да направи вечерва, притисокот е на страната на Лудогорец“!

68

Лиридон Љатифи во Скопје на 0:1 за Лудогорец постигна фантастичен гол за израмнување. Тој гол го сврте мечот па на крајот Шкендија победи со 2:1, со голот на Бесарт Ибраими и можеби тој гол ќе биде екстра важен во овој плеј – оф дуел меѓу македоскиот и бугарскиот шампион.

Вечерва во Разград, со почеток од 19:30 часот, нашиот шампион му гостува на Лудогорец.

Ова се очелкувањата на Љатифи за овој реванш со Лудогорец:

Лудогорец и натаму е фаворит. Но, ние ќе се потрудиме да го постигнеме резултатот што го сакаме. Работевме во текот на оваа недела за позитивен резултат што се надеваме дека ќе го постигнеме. Мислам дека контрите можат да бидат една од нашите силни страни, бидејќи постојано ги вежбаме на тренинзите. Точно знаеме што ќе правиме, а што се однесува до мојот слободен удар на последниот натпревар, го вежбам уште од детството и нормално е дека не е ништо случајно. Притисокот не е на наша страна, противничкиот тим ќе има поголем притисок. Постигнавме победа од 2:1 во Скопје, се надеваме дека и вечерва ќе славиме“ посочи напаѓачот на Шкендија.

ПретходноКарлито без проблеми во 3.коло на УС Опен!
СледноНишто од трансферот на Родриго во Манчестер Сити!