Шкендија по продолженијата со пораз во Разград, сега и дефинитивно ќе игра во Лигата на Конференции! (ВИДЕО)

284

Лудогорец – Шкендија 4:1 и тоа продолженијата е исходот од вечерашниот реванш во Разград, во плеј – офот во ЛЕ. Па така со вкупни 5:3, бугарскиот шампион се пласира во лигашката фаза во ова натпреварување а Шкендија ќе игра во лигашката фаза во Лигата на Конференции.

Штета, ако се знае дека на резултат 2:1, во самиот финиш на регуларните 90.минути Тамба имаше повеќе од зицер за 2:2, но не даде гол и тоа е тоа.

Ова беше четврти пат Шкендија да игра плеј – оф во Лигата на Европа во нејзината историја, и по четврти пат да биде елиминирана.

Сепак Шкендија испиша историја, ќе има шест меча оваа есен во Лигата на Конференции.

А се почна со напади, агресивна игра, креирање опасни акции на Лудогорец. Па така домашните уште во 4.минута преку Педро Нареси опасно шутираше, но неговиот шут за среќа беше блокиран во корнер. Веќе во 9.минута Гаје “капитулираше“ за 1:0 за Лудогорец. Една одбиена топка убаво ја зафати Куртулус и ја смести во мрежата на Гаје.

Шкендија и по тој гол буквално не можеше да излезе од својот шеснаесетник, а шансите и заканите по нејзиниот гол се редеа како на филмска лента. Мачадо во 12.минута, една минута подоцна и Видал имаше шанса, но ја погоди само стативата. Па во 17.минута повторно Мачадо во главна улога, нема што, и натаму “висеше“ голот на Шкендија. Видал во 24.минута повторно можеше до 2:0, но не успеа.

А успеа Чочев во 25.минута кога непречен од никого, од 10 метри постигна убав гол за водство од 2:0.

Дури по тој гол, откако имаше предност севкупно од 3:2, бугарскиот шампион како да “дигна рачна“, а тоа значеше дека тетовци конечно ќе почнат нешто да играат.

Сепак на пауза се замина со тие 2:0.

ИБРАИМИ АСИСТИРА, ТАМБА “ТРЕСЕ“ ЗА 2:1

Јасно е дека Шкендија мораше нешто да се обиде во вториот дел, а тоа го направи најпрво преку Тамба и тоа во 53.минута кога оддесно беше сам, можеше подобро да реагира. Во следната минута дојде и првиот корнер за тетовци.

Нема што, гледаме похрабра Шкендија, но се чини дека Лудогорец сето тоа го контролира и не сака да ризикува сега кога предност за пласман во Лигата на Европа.

Сепак радост за тетовци во таа 64.минута кога Ибраими асистираше а Тамба со прекрасен гол нешто оддесно за 2:1, за севкупни 3:3.

Конечно нешто од Шкендија да видиме.

Уф, каква шанса за Тамба, но Алмеида блокираше во последен момент и спречи да биде 2:2. Сега веќе во Лудогорец владее нервоза, да не кажеме паника.

А во 87.минута Станиќ прекрасно шутираше, ама Гаје фантастично одбрани.

Шкендија се можеше да реши една минута подоцна, но успеа да промаши зицер за 2:2.

Каква штета.

Па така завршија тие 90.минути со 2:1 или севкупно со 3:3, па се замина во продолженија.

А таму Телпетеј со “бомба“ во 98.минута успеа да го совлада Гаје за 3:1.

Ќака во 113.минута можеше да донесе нова радост, но домашниот голман одлично одбрани. Биле во 120.минута стрелаше за 4:1.

И тоа беше тоа вечерва во Разград.

Лига Европа плеј – оф, реванш (прв меч 1:2)

ЛУДОГОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 4:1 (2:0)

Хувефарм Арена“ во Разград. Судија: Урс Шнидер (Швајцарија). Стрелци: Куртулус 9., Чочев 25., Телпетеј 98.. Биле 120. (ЛУД), Тамба 64. (ШКЕ).

ЛУДОГОРЕЦ: Падт, Сон, Куртулис, Алмеида, Недјалков (91.Јорданов), Педро Нареси, Чочев (75.Калоч), Дуарте (68.Станиќ), Каио Видал(83. Телпетеј), Мачадо (74.Биле), Ерик Маркус (108. Иванов).

ШКЕНДИЈА: Гаје, Трумчи, Вебстер (106.Мурати), Фетаи, Цаке (Ф. Рамадани 112.), Р. Рамадани, Алхасан (106.Ќака), Тамба (112.Адеми), Зејнулаи (66. Красниќи), Љатифи (89.Крстевски), Ибраими.

ПретходноСвечено отворен Регионалниот ракометен турнир во Скопје (ФОТО)
СледноСинер лесно ја мина и втората пречка на УС Опен