Според последните информации кои доаѓаат од Англија, Бојан Миовски е многу блиску до враќање во Премиер лигата на Шкотска. Овојпат, како дел од легендарниот тим на Глазгов Ренџерс.
Sky sports предмалку објави дека Ренџерс е во интензивни преговори со Џирона, моменталниот клуб на Миовски за откуп на договор на нашиот репрезентативец, за сума од 2.6 милиони фунти, која доколку бидат исполнети извесни бонуси може да достигне и до 4.2 милиони.
Истиот извор тврди дека Миовски веќе ги договорил личните услови, и дека се чека само подадена рака на двата клуба.
Тој во голем за македонски услови трансфер замина од тимот на Абердин во Џирона, но мандатот таму очигледно му е пократок од планираното.
Во дресот на Абердин нашиот репрезентативец постигна 44 гола на 98 меча.