Аморим ја има поддршката на раководството на Манчестер Ј.

40
фото: Manchester United (X)

Раководството на Манчестер Јунајтед стои зад менаџерот на тимот Рубен Аморим и покрај резултатите кои тимот ги постигнува и на почетокот на оваа сезона. Манчестер Јунајтед синоќа загуби на пенали од четвртолигашот Гримсби Таун во англискиот Лига Куп и беше елиминиран во втората рунда. Во англиското првенство, „црвените ѓаволи“ загубија од Арсенал (0:1) и ремизираа со Фулам (1:1).

Според „Тајмс“, раководството на Манчестер Јунајтед сè уште му верува на тренерот. Ко-сопственикот на клубот, Џим Ратклиф, е подготвен да му даде време на Аморим да ја поправи ситуацијата.

Следниот меч на Јунајтед ќе биде против Барнли овој викенд, а потоа доаѓша и градското дерби со Манчестер Сити на 14 септември.

ПретходноПолувреме: Шкендија е во тотална дефанзива, прими два гола а можеше барем уште толку! (ВИДЕО)
СледноЊукасл за 80 милиони евра го купи Волтемаде, Исак сега може да оди во Ливерпул?