Падна договор: Гарначо утре пристигнува во Лондон и потпишува за Челзи

39
фото: Fabrizio Romano (X)

Алехандро Гарначо ќе го комплетира трансферот во Челзи во петок. Претходно беше објавено дека „сините“ се договориле со Манчестер Јунајтед и трансферот е пред реализација.

Лондончани ќе платат 40 милиони фунти за крилниот напаѓач. Манчестер Јунајтед, исто така, добива и 10% од следната продажба на Аргентинецот.

Според информациите, Гарначо ќе пристигне во Лондон во петок за да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор. Договорот со 21-годишниот фудбалер ќе биде на 7 години.

ПретходноЊукасл за 80 милиони евра го купи Волтемаде, Исак сега може да оди во Ливерпул?
СледноЛудогорец – Шкендија 2:1 во Разград: Тамба донесе продолженија, ама промаши и зицер за ЛЕ! (ВИДЕО)